ПОВЕЌЕ

    НЛБ банка: Во првиот квартал кредитите со раст од 4,9, а депозитите од 2,8 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Со позитивни деловни перформанси во клучните сегменти од работењето НЛБ Банка го заврши првиот годинешен квартал. Резултатите доаѓаат како одговор на потребите на клиентите, при што бакната испорачала силна кредитна поддршка за населението и домашниот бизнис сектор. Пласманот на вкупните кредити е зголемен за 4,9 насто во однос на истиот период од претходната година. Паралелно со тоа, раст има и кај вкупните депозити – за 2,8 проценти. Од НЛБ банка појаснуваат дека тој тренд се должи на зголемувањето на позитивните салда на трансакциските сметки кај домаќинствата.

    Активностите од сегментот кредитирање, со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, како и зголемениот број на корисници на платните сервиси, придонеле нето добивката на НЛБ банка, заклучно со крајот на март да изнесува 802.487 илјади денари, односно нешто повеќе од 13 милиони евра.

    Од НЛБ банка посочуваат дека позитивните деловни перформанси може да се припишат на нивниот фокус за поттикнување на оперативната ефикасност, обезбедување одлична услуга за клиентите и спроведување на ефективни стратегии за управување со ризик.

    Исто така, во првото тримесечје од годинава банката доби три признанија од картичниот партнер Visa, една од најголемите платежни мрежи во светот и глобален бренд во дигиталните плаќања. Едно од признанијата е за исклучителни деловни перформанси и две за извонредни Visa спонзорски активации – со FIFA, за Светското првенство во фудбал во Катар, како и за последното филмско остварување на Милчо Манчевски, „Кајмак“. За донацијата наменета за настраданото население по земјотресите во Сирија и Турција, од организацијата на Црвениот крст НЛБ банка доби признание за несебичниот придонес, покажаната хуманост и солидарност.

    НЛБ банка и натаму продолжува да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето остануваат дигитализацијата, унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите. Освен тоа, информираат од банката, продолжуваат и работите за унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично