ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка исплати дивиденда- акционерите поделија 10,3 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка АД Скопје информира дека на ден 13.06.2022  година изврши исплата на дивиденда согласно Одлуката за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година на собранието на акционери од 12.5.2022 година.

    Вкупниот износ на дивиденда кој им се исплаќа на акционерите изнесува 630.297.018 МКД. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 738 МКД.

    Исплатата на дивиденда се изврши за сите акционери кои имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје и за акционерите кои имаат доставено уредни инструкции за исплата на дивиденда во предвидениот рок.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично