ПОВЕЌЕ

    НЛБ банка ги алармира клиентите: Не наседнувајте, нема кредитни картички за лица без плата

    Време зa читање: 2 минути

    Клиентите на НЛБ банка да не наседнуваат на информацијата дека кредитни картички можат да добијат лица кои не примаат плата, што се пласира на социјалната мрежа „Фејсбук“, поточно на страницата „Personal offers“. Оа е обид за злоупотреба на личните податоци.

    „На социјалната мрежа Facebook, преку страница именувана како ‘Personal offers’ се споделува лажна информација со која на клиентите им се нуди можност за брзо одобрување на кредитни картички за лица кои не се приматели на плата. Потенцираме дека се работи за лажен профил кој го злоупотребува логото и името на НЛБ Банка Скопје и се обидува да собере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа“, се вели во предупредувањето што НЛБ банка го упати до своите клиенти.

    Исто така, укажуваат дека НЛБ банка нема никаква поврзаност со оваа активност, а лажната страница ќе биде пријавена до Facebook и до надлежните институции во земјава, согласно позитивните законски прописи.

    „Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате Вашите лични податоци додека сте на интернет. Доколку се сомневате на злоупотреба, Ве молиме веднаш контактирајте не на телефон 02/15600“, алармираат од НЛБ банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично