Никола Поповски нов главен извршен директор на РБСМ
Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја информираше јавноста дека г. Никола Поповски е избран за нов вршител на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
Поповски доаѓа на местото на г. Кирил Колемишевски кој оваа функција ја извршуваше во претходните 3 месеци, почнувајќи од 15-ти мај.
Одлуката е донесена на седница на Надзорниот одбор на Банката одржана на 13 август.
Линк до соопштението на интернет-страницата на Македонска берза на хартии од вредност.