ПОВЕЌЕ

    Дали „Никола Корп“ ќе стане една од најголемите измами во историјата на берзата?

    Време зa читање: 2 минути

    Минатата недела излезе неверојатен извештај за инвестициски компании, од Хинденбург Рисрч, кој објави дека компанијата Никола, која од 2016 година работи на наводно „револуционерен“ , електричен камион, со водороден погон “Никола Еден”, всушност нема никаква технологија, а особено не и технологијата на водородните ќелии потребна за управување со таков камион.

    „Хинденбург Рисрч“, наведува дека во видеото што Никола го објави на Интернет на почетокот на 2018 година, се гледа како нивниот камион “Никола Еден” се симнува по патот, и е всушност снимен по удолница. 

    По многу прелиминарни одбивања на извештајот, основачот на компанијата, Тревор Милтон издаде официјално соопштение за јавноста, во кој не ги негира побарувањата во првичниот извештај на инвестициската компанија.

    Наместо тоа, тие тврдат дека на видеото „тие никогаш не рекле дека камионот во видеото е самооден“, како и дека инвеститорите во компанијата, која тогаш била во приватна сопственост и не тргувала јавно со акции на приватни брифинзи, биле информирани за моменталната состојба. 

    Во долгата „корекција“ на наводно „неточните обвинувања“ на истражувањето „Хинденбург“, Тревор Милтон понатаму вели дека компанијата „како тргнала кон истражување на нова генерација на камиони „одлучи дека нема да инвестира дополнителни ресурси во завршувањето на процесот што би го натерало “Никола Еден”  да оди самостојно.“ 

    Интересно, партнер на Никола во сето ова е ГМ, иако сега излезе дека Никола не развил ниту конструкција на камион, ниту систем на батерии (тој ќе ја користи платформата на батеријата Ултиум на ГМ), и нема да има водородни ќелии.

    Цените на акциите на Никола, иако се малку паднати, всушност се сепак 230% над цените во март кога компанијата излезе во јавноста.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично