ПОВЕЌЕ

    Никоб со 30 специјални – блиндирани возила вршат транспорт на пари и вредносни пратки

    Време зa читање: 2 минути

    Во време кога безбедноста на вашиот профит е на ризично ниво, НИКОБ агенцијата за обезбедување лица и имот нуди сигурносни мерки, со што гарантира за вашата пратка до последната дестинација. НИКОБ, располага со специјализирана дирекција која е подготвена да одговори на специфичните барања и одговорности, како што е транспорт на пари и вредносни пратки. Тимот е целосно опремен и вооружен, според законите на Република Македонија, специјално обучен за таа намена. Транспорт на вредносни пратки НИКОБ врши на територија на цела држава.

    Располагаат, со 30 специјални – блиндирани возила кои се користат за транспорт на пари и вредносни пратки. Возилата се опремени со современи дигитални криптирани радиокомуникациски системи, како и системи за глобално позиционирање(GPS). Движењето на транспортните возила се следи од 24 часовниот координативен центар. Вашите пари и вредносни пратки, со тимот за обезбедување на НИКОБ се безбедни. Целосна автоматизација и контрола на процесот со најсовремен софтвер за транспорт на пари и користење на мобилни ПДА уреди.

    Тие имаат професионална екипа, обучена да планира, да дава совети и стручни мислења, да разговара и да договара и сето тоа е во целосна тајност и дискреција. За да не експериментирате со сигурноста на сопствениот капитал и заштитата на вашите приватни или бизнис материјални богатства, осигурете се и истите препуштите ги во рацете на професионалци.

    Центар за кеш услуги

    Никоб располага со современ, брз и безбеден начин на обработка на готовина.
    Тие се единствена компанија во Македонија која врши услуги за собирање, броење и дистрибуција на пари.
    Применуваат опрема и хардвер со највисока технологија и сигурност, помогнати од најсовремени софтверски решенија во областа на кеш менаџментот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично