ПОВЕЌЕ

    НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ – Неприкосновен лидер на националниот пазар

    Време зa читање: 4 минути

    Агенциите за обезбедување на имот и лица прераснаа во комплексни компании во кои се извршуваат повеќе услужни дејности. Покрај класичното физичко и патролно обезбедување, голем дел од нив имаат развиено безбедносни системи за видео мониторинг, управуваат со трезорски работи и имаат сопствена едукација за вработените. Се чини дека периодот што следува ќе бидеме сведоци на дополнително проширување на листата на услуги, бидејќи на светско ниво значителен замав земаат менаџмент обезбедувањето, како и обезбедувањето на оперативни активности.

    Преку платформата за бонитетни податоци на Бизнис мреза.мк, превземени се податоци за сегментот топ 10 агенции за обезбедување, кои ќе бидат основа за оваа анализа.

    НазивПриходи 2020Приходи 2019Раст %
    НИКОБ ДОО Скопје16,308,713 14,399,77213.26%
    ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ Скопје4,356,5563,925,01610.99%
    ОСА Бранко ДООЕЛ Скопје3,483,9383,213,1558.43%
    СЕКЈУРИТИ ГРУП СЕРВИСИС ДООЕЛ Скопје2,593,4683,160,680-17.95%
    ПИТОН Охрид ДОО1,543,6711,313,91017.49%
    МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДООЕЛ Скопје1,478,6251,566,432-5.61%
    2 СС ДООЕЛ Кичево676,974453,03749.43%
    СЕКЈУРИТИ-М.К.-АГЕНСИ ДОО Прилеп631,512624,469 1.13%
    АРМОР СЕКЈУРИТИ ДОО Гевгелија613,455562,8948.98%
    ПАТРОЛ-ЛТД ДООЕЛ Скопје556,857568,145-1.99%

    Износите се во евра / Извор на податоци: БизнисМрежа.мк

     

    НазивДобивка 2020Добивка 2019Раст %
    НИКОБ ДОО Скопје 2,008,4692,024,055-0.77%
    ОСА Бранко ДООЕЛ Скопје515,600471,7279.30%
    2 СС ДООЕЛ Кичево119,49854,751118.26%
    ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ Скопје83,08379,5274.47%
    ПАТРОЛ-ЛТД ДООЕЛ Скопје58,47797,217-39.85%
    СЕКЈУРИТИ-М.К.-АГЕНСИ ДОО Прилеп44,51665,966-32.52%
    АРМОР СЕКЈУРИТИ ДОО Гевгелија1,9305,012-61.49%
    МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДООЕЛ Скопје86419,752-95.62%
    ПИТОН Охрид ДОО82154,041-98.48%
    СЕКЈУРИТИ ГРУП СЕРВИСИС ДООЕЛ Скопје(642,787)(812,067) -20.85%

    Износите се во евра / Извор на податоци: БизнисМрежа.мк

    Од горната табела може да се констатираат неколку битни елементи кои ја дефинираат оваа индустрија:

    1. Сумирано, 2020 година била поплодна за 70% од топ 10 компаниите, кога се во прашање вкупните приходи, додека кај вкупните добивки трендот е обратен. Таму 6 компании евидентирале пониски добивки. Сепак, во кумулативен износ во 2020 година има пораст и кај приходите, но и кај добивките. Тоа укажува на огромната диспропорција помеѓу компаниите и водечката улога на Никоб.
    2. Како поткрепа на првиот став е и податокот што во 2020 година Никоб има поголеми приходи отколку сите останати 9 компании заедно, додека добивката е десет кратно поголема од збирот на добивките на останатите 9 компании. Со приходи од над 16 милиони ЕУР и добивка од 2 милиони ЕУР, Никоб станува суверен лидер на пазарот со финансиски показатели кои се “светлосни години” понапред од конкуренцијата.
    3. Најголем пораст на приходи евидентирани се кај компанијата 2 СС ДООЕЛ Кичево од 49%, а истата форма ја добива и кај податоците на остварена добивка, каде порастот е 118%. Сепак кумулативните бројки се далеку од конкуренцијата, но станува збор за брзорастечка компанија.
    4. Првите три компании по приходи и добивка во 2020 година имале стабилен пораст на приходите, но кога станува збор за добивката Никоб има мал пад од 0.7%, додека другите две компании (Перпетум и ОСА) ја пораснале добивката со 4.4% и 9,3%, соодветно.
    5. 2020 година во негативна смисла се одразила врз работењето на Секјурити Груп Сервисис. Имено, оваа компанија го има најголемиот пад на приходи од 17.9%, а истото се рефлектирало и врз евидентираната загуба од 642.787 ЕУР. Од аспект на добивките има две компании кај кои сериозно се нарушени балансите. Питон и МДН обезбедување генерирале пад на добивка од над 95%, во споредба со 2019 година. Ситуацијата е поинтересна бидејќи движењето на нивните приходи е обратнопропорционално. Питон има пораст од 17.5% на вкупни приходи за 2020, додека МДН обезбедување остварила полош финансиски резултат за 5,6%

    Со оглед на тоа што оваа индустрија е директно поврзана со ангажман на голем број на персонал, заклучокот е дека бројките за бројот на вработени соодветствува со обемот на работа.

    НазивВработени 2020Вработени 2019Раст %
    НИКОБ ДОО Скопје1988 18398.10%
    ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ Скопје606 608-0.33%
    ОСА Бранко ДООЕЛ Скопје4554218.08%
    СЕКЈУРИТИ ГРУП СЕРВИСИС ДООЕЛ Скопје515601-14.31%
    ПИТОН Охрид ДОО18014127.66%
    МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДООЕЛ Скопје222 2220.00%
    2 СС ДООЕЛ Кичево1017632.89%
    СЕКЈУРИТИ-М.К.-АГЕНСИ ДОО Прилеп9598-3.06%
    АРМОР СЕКЈУРИТИ ДОО Гевгелија65633.17%
    ПАТРОЛ-ЛТД ДООЕЛ Скопје80 800.00%

    Повторно, најголем работодавец е Никоб со скоро 2.000 вработени, додека најмалата компанија, Армор Секјурити, вработува нешто над 60 луѓе. Со тоа, во овој сегмент на топ 10 компании се вработени над 4300 луѓе. Овие бројќи се за почит, знаејќи го фактот што и во кризна година овој сегмент генерирал пораст на бројот на ангажирани луѓе за 158 повеќе, во споредба со 2019 година. Најпозитивни примери се Питон, со пораст на вработени од 27,6%, и 2 СС ДООЕЛ кичево, со пораст од 32.8%. Компанија која сериозно кратела на платните списоци е Секјурити Груп Сервисис со намален бројот на вработени за 86.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично