ПОВЕЌЕ

    За шефот на „Нетфликс“ работењето од дома има негативни ефекти

    Време зa читање: 2 минути

    Претседателот на „Нетфликс“ изјавил дека работата од дома нема позитивни ефекти и го отежнува протокот на идеи.

    Рид Хастингс, кој ја основаше платформата, исто така потенцирал дека 8.600 вработени во „Нетфликснема да мора да се враќаат во канцеларијата се додека повеќето од нив не ја примат одобрена вакцина за корона вирусот.

    Тој предвидел дека повеќето луѓе ќе продолжат да работат од дома или ќе работат комбинирано и по завршувањето на пандемијата.

    Во новата рекламна кампања на Владата на Велика Британија работниците треба да се вратат на работните места.

    За весникот „Вол Стрит Журнал“, Хастингс вели дека не видел придобивки од вработените кои работат од дома.

    Не гледам позитивни страни од работењето од дома, голема негатива е тоа што не сме во можност да се состанеме лично, особено на меѓународно ниво“, рече Хастингс.

    Нетфликс го користат скоро 200 милиони домаќинства ширум светот и продолжи со продукција на серии, документарни филмови и филмови.

    Останатите водечки технолошки компании, сугерираат дека вработените можеби никогаш нема да се вратат во канцеларија. Во мај, „Твитер“ соопшти дека персоналот може да работи од дома „засекогаш“.

    „Фуџитсу“ исто така, направи планови да им овозможи на вработените трајно да работат од дома. И „Фејсбук“ и „Гугл“ соопштија дека вработените можат да работат од далечина барем до крајот на годината.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично