ПОВЕЌЕ

    Нептун, Сетек и Техномаркет со милионски приходи

    Време зa читање: 4 минути

    „Нептун“, „Сетек“ и „Техномаркет“ за последните три години свртеле сума од 303,1 милиони евра, а во истиот период имаат добивка нешто поголема од 12 милиони евра. Најголемите приходи и добивка ги прави компанијата „Нептун“. Ова го покажува анализата на податоците за финансиското работење на овие компании за 2017, 2018 и 2019 година што ја направи „Бизнис мрежа“.

    Во овие три компании лани работеле 926 луѓе и нивниот број последните три години е во постојан пораст. Односно, бројот на вработени во 2018 година бил 876, што значи дека лани се зголемил за 5,7 отсто, а во 2017 година вработувале 772 луѓе. И во однос на бројот на вработени „Нептун“ го држи приматот, одосно има најголлем број вработени, по што следува „Сетек“со нешто помалку и „Техномаркет“ со повеќе од двојно помалку вработени од „Нептун“.

    Нептун лидери на пазарот со продажба на техника

    Врз основа на приходите и добивката што ја имаат овие компании за продажба на техника, лидери на пазарот се „Нептун“. Во оваа фирма за три години е направен приход од 171,1 милиони евра, додека добивката изнесува 7,9 милиони евра.

    При тоа, најголемата добивка е направена лани кога надминува 60,8 милиони евра, а во однос на претходната година приходите се зголемени за 7,1 %. Минатата година „Нептун“ има добивка од 2,719.761 евра и истата е намалена за 2,2 отсто во споредба со претходната година.

    Во оваа компанија лани работеле 396 луѓе, а добивката по вработен изнесува нешто повеќе од 6.800 евра.

    Во компанијата „Сетек“ за три години се свртела сума од 100,2 милиони евра, а најдобра година за оваа компанија, која како што е нејзиното мото нуди се од техника, била 2018 кога се направени приходи во износ од 34,2 милиони евра. При тоa, приходите се намалени за 10,5 отсто во 2019 година во споредба со 2018 година. Додека пак во 2018 година имале раст од 37,3 отсто во споредба со 2017 година.

    Во однос на добивката, „Сетек“ за три години има добивка во износ од 3,7 милиони евра, а најдобра година за ооваа копанија била 2017 од последните три анализирани. Односно во 2017 има добивка нешто поголема од 1,3 милиони евра, а потоа следната година бележи пад од 7,8 отсто. Пад има и во 2019 година споредено со 2018 година која изнесува  3,7 отсто.

    Во оваа компанија лани работеле 349 луѓе, со што добивката по вработен изнесувала нешто повеќе од 3.400 евра.

    Најмали добивки и приходи во оваа група на компании има „Техномаркет“, каде за три години има добивка од 353 илјади евра и приходи во износ од 31,8 мииони евра, што е далеку зад приходите и добивката на „Нептун“ и „Сетек“.

    За „Техномаркет“ најдобра била 2019 година кога има добивка од 337 илјади евра и приходи од 13,4 милиони евра. Додека во 2018 година компанијата не прикажува добивка, а приходите се на ниво од 10,8 милиони евра и во последните три години се во постојан пораст.

    Во оваа компанија лани имало 181 вработен, а добивката по вработен изнесува 1.800 евра.

    Колкаво и какво ќе биде влијанието на „Ковид кризата“ врз овие компании што се занимаваат со продажба на техника – дополнително ќе се види, но факт е дека по стартот на учебната година на пазарот се појави дефицит на лаптоп компјутери со оглед дека наставата во најголем дел од училиштата се префрли на интернет, па со тоа се зголеми и нивната продажба на пазарот.

    Извор на податоци: „Бизнис мрежа“.
    Анализа на податоци: Таргет Груп

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично