ПОВЕЌЕ

    Три непродуктивни навики што ви го трошат времето

    Време зa читање: 2 минути

    Водење бизнис значи голема посветеност и напорна работа, особено кога станува збор за стартап компании,  има толку многу работи што треба да ги направите, а времето никогаш не е доволно. Формирање добри работни навики може да ви помогне побрзо да ги постигнете целите и да станете поуспешни како сопственик на стартап.

    Од друга страна, непродуктивни навики може да биде причина зошто вашите напори не доведуваат до посакуваните резултати. Ако забележите дека вашата напорна работа не се исплати, време е да ги разгледате подетално навиките што ги имате и да ги елиминирате оние кои ви го трошат времето, вклучително и следниве три.

    Присуство на непродуктивни состаноци

    Повикувањето на состанок секој ден без јасна агенда и цел е толку губење време. Состаноците влијаат позитивно само кога се ефективно завршени. Честопати претприемачите се сфесни дека присуствуваат на непродуктивни состаноци, што е губење време – агендата е нејасна, учесниците пристигнуваат неподготвени, а одвлекувањето на вниманието и разговорите надвор од темата заземаат многу време.

    Ако имате чувство дека ви стана навика да повикувате состаноци кои не се апсолутно ефикасни, време е да направите промена и да започнете да го цените не само вашето сопствено време како претприемач, туку и времето на вашите вработени и деловни партнери.

    Одвлекување на вниманието од интернет платформите

    Е-пошта, известувања за социјални мрежи, сурфање на интернет – го трошат драгоценото време. Тешко е да се остане фокусиран кога има многу работи на интернет.

    Како претприемач, сакате да следите сè што е тренд, што се случува и да се чувствувате како да мора да бидете информирани за секоја важна тема. Ова е точно до одреден степен, но сепак потребата да бидете во чекор со сè што се случува ве одвраќа од извршувањето на важните задачи.

    Постојат начини да се елиминира одвлекувањето на вниманието и да се подобри вашиот фокус.

    Одложување

    Главниот „убиец“ на продуктивноста е одложувањето. Начинот на кој се справуваме со нашите распореди влијае на темпото и квалитетот на извршувањето на работите. Несомнено, одолговлекувањето е еден од главните убијци на продуктивноста.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично