ПОВЕЌЕ

    НБ:Тргувањето со биткоин во Македонија не е забрането, ама е поризично од финансирање тероризам

    Време зa читање: 2 минути

    Во глобални рамки речиси и да не постои регулатива којашто го регулира издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средства, иако потребата за регулирање станува сѐ поочигледна, се посочува во објаснувањето на Народната банка на Македонија за се поактуелната трговија со крипто валути во светото и кај нас.

    Од банката појаснуваат дека крипто-средствата од аспект на формалните квалификации главно се делат во две категории:

    • крипто-средства коишто се наменети за плаќање (англ. payment type), коишто имаат   карактеристики на биткоин (англ. Bitcoin-like crypto-assets – BLCA) и се класифицираат како нефинансиски средства, а вложувањата во такви крипто-средства имаат третман на вложувања во нефинансиски, нематеријални средства, заради што овие трансакции се тековни, а не финансиски.
    • крипто-средства коишто имаат карактеристики на финансиски инструменти (англ. stablecoins, asset-referenced token) и се класифицираат како финансиски средства/вложувања.

    -Кај нас, како и во други земји, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство. Сепак, ова не значи дека работењето со крипто-средствата е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано, посочуваат од централната банка.

    Од банката предупредуваат дека поради комплексноста и анонимноста, трансакциите со крипто-средства имаат повисоко ниво на ризик од перење пари и финансирање тероризам. Оттука, банките се должни да ги почитуваат покрај соодветните барања поврзани со девизниот режим, така и прописите поврзани со спречувањето перење пари и финансирање тероризам.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично