ПОВЕЌЕ

    Народна банка вработува две лица – плата до 26.258,00 денари

    Време зa читање: 4 минути

    Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на 2 извршители на работното место „помлад специјалист за управување со човечките ресурси почетен I степен“ во Дирекцијата за управување со човечките ресурси во Народната банка на Република Северна Македонија, на определено време во траење од 1 година и тоа:

    – 1 извршител во Отсекот за развој на човечките ресурси и

    – 1 извршител во Отсекот за регулирање на права и обврски од работен однос.

    Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следниве општи услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

    Покрај општите услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:

    -за работното место во Отсекот за развој на човечките ресурси: да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавања на англиски јазик и работа со компјутер (одлично познавање на excel – поседување на вештини за обработка на податоци и аналитички вештини), да имаат познавања од областа на работењето (човечки ресурси).
    Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на работа со компјутери (одлично познавање на excel – поседување на вештини за обработка на податоци и аналитички вештини), познавања од областа на работењето (човечки ресурси) и познавања на англиски јазик.

    -за работно место во Отсекот за регулирање на права и обврски од работен однос да имаат завршено факултет од областа на правните науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, познавања на англиски јазик, работа со компјутери, познавања од областа на работењето на Народната банка.
    Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на англиски јазик и познавања од областа на работењето (работните односи).

    Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

    5.Кандидатите за работните места од точкa 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, доказ за државјанство издаден од надлежен орган на Република Северна Македонија, потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) за не изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата), диплома или уверение за завршено образование (согласно барањата за секое работно место), доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на работа со компјутери и доказ за работен стаж доколку го имаат од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија. 

    Сите докази, потврдата, дипломата или уверението за завршено образование, може да бидат доставени во копија.

    Работното време, во работната недела за работните места од точка 1 на оваа одлука   , започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.

    Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 на оваа одлука, а кои немаат работен стаж, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци.

    Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 на оваа одлука, а кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 2 месеци.

    Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место помлад специјалист за управување со човечките ресурси почетен I степен изнесува 26.258,00 денари.

    За време на приправнички стаж, висината на основната (нето) плата на работникот изнесува 70% од основната (нето) плата и изнесува 18.635,00 денари.

    За време на пробна работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и изнесува 13.308,00 денари.

    Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

    Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

    Ненавремената и не потполната документација нема да биде разгледувана.

    Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија.

    Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, Бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бр.1 – Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично