9 работи кои укажуваат дека никогаш нема да бидете богати

Датум на објава: 02.06.2020

Време зa читање: 3 минути

Доколку сте задоволни со сигурното работно место и со платата што „легнува“ точно на време, тогаш имате сериозен проблем.

Стив Сиболд, авторот што ги проучува богатите направил листа од девет знаци што се показател дека, за жал, никогаш нема да влезете во клубот на милионерите.

Многумина сонуваат за добивка на лото и за милионски суми на нивните сметки, но на малкумина овие соништа им се остваруваат. За да станете богати не треба да се потпирате само на среќата. Потребно е да вложувате, а понекогаш и да ризикувате за трудот да ви се исплати:

1. Ставате преголем акцент на штедењето, а премалку се фокусирате на заработката

Штедењето е клучно за вашите идни милиони на сметката, но немојте премногу да се фокусирате на тоа. Морате да заработувате и стално да смислувате нови начини за да заработите повеќе. Ако сакате да размислувате како милионер, престанете да се грижите за парите и погрижете се за тоа како да заработите повеќе.

2. Не сте почнале да вложувате

Прочитајте и ...  Зошто е можеби паметна одлука да ја промените вашата кариера? 

Еден од најделотворните начини за заработка на повеќе пари со текот на времето е вложувањето. Колку побрзо почнете, толку подобри. Во просек, милионерите вложуваат 20 отсто од нивните приходи.

3. Задоволни сте со редовната плата

Просечните луѓе сакаат платата да им „легне“ секој месец во одредено време, но богатите луѓе знаат дека платата се темели врз резултати. Исто така, студијата на Сиболд покажува дека самовработувањето е најбрз пат до богатство.

4. Купувате нешта што не можете да си ги дозволите

Ако живеете над сопствените можности, никогаш нема да бидете богати. Дури и ако почнете да заработувате или да добивате покачување, немојте тоа да го користите за повеќе трошење.

5. Ги следите туѓите соништа, а не сопствените

Ако сакате да бидете успешни, мора да го сакате она што го работите. Премногу луѓе ја прават истата грешка и ловат туѓи соништа поради што се незадоволни. Пронајдете ја вашата страст и ќебидете посреќни и поуспешни.

6. Се држите во вашата сигурна зона

Ако сакате да заработите богатство, мора да се навикнете на неизвесност и непријатност. Физичкиот, психолошкиот и емотивниот комфор е примарна цел на средната класа. Но, за да постигнете повеќе, мора да излезете од сигурната зона и да ризикувате.

Прочитајте и ...  Рускиот буџет заради пандемијата бележи загуба од 14,2 милијарди долари

7. Немате цели

Парите нема туку-така да се појават, морате да работите на тоа. Важно е да имате јасна и конкретна цел пред да формирате финансиски план за постигнување на таа цел. Потребен ви е фокус, знаење и многу труд за да станете милионери.

8. Прво им плаќате на другите, па потоа на себе си

Ако сакате да бидете богати, прво морате да си платите себе си. Ставете се себе си на прво место и од платата одвојувајте барем 10 отсто од износот што ќе оди директно во вашата заштеда.

9. Сметате дека збогатувањето не ви е на дофат

Морате себе си да си поставите големи очекувања. Верувајте во себе си. Ако не си верувате самите на себе си, тогаш нема да ви веруваат ниту другите.


Тагови: Иницијатива, навики, пари, плати, постигнување, проактивност, трошење, финансии, цели,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: