ПОВЕЌЕ

    Наследникот на Самсунг ќе плати најголем данок во Јужна Кореја 

    Време зa читање: 2 минути

    Наследниците на Ли Кун Хи, ќе плаќаат повеќе од $10,8 милијарди во даноци од наследството. Ли Кун Хи почина во октомври, и беше претседател на телекомуникацискиот гигант Самсунг.

    Семејството на Ли преку Самсунг соопшти дека даноците на наследство ќе изнесуваат повеќе од половина од вредноста на вкупните средства на починатиот, додавајќи и дека вкупниот износ на данок од 12 трилиони корејски вони е „еден од најголемите во Јужна Кореја и на глобално ниво“.

    Според семејството, износот е три до четири пати поголем од вкупниот приход на јужнокорејската влада од данокот на недвижен имот во 2020 година.

    Новинската агенција Јонхап објави дека ова ќе биде најголемиот данок во историјата на Јужна Кореја.

    Семејството најави дека сумата ќе ја плати на шест рати за пет години, почнувајќи од овој месец.

    “Наша граѓанска должност и одговорност е да ги платиме сите даноци”, изјавија тие.

    Наследниците исто така рекоа дека ќе донираат милијарда јужнокорејски вони за „напори да помогнат во надминување на заразни болести, карцином кај деца“ и околу 23.000 уметнички дела, вклучувајќи дела на Марк Шагал, Пабло Пикасо и Клод Моне.

    Во соопштението не се наведува како ќе се подели наследството во семејството, што вклучува акции во Самсунг Електроникс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично