ПОВЕЌЕ

    Народна банка: Пријавување трудови за Клубот на истражувачите – до први јуни

    Време зa читање: < 1 минутa

    Народната банка ги повикува заинтересираните кои сакаат да се дел од Клубот на истражувачите, да достават свои трудови за учество. Сесијата 47 по ред, ќе се одржи на 15 јуни со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка.

    Пријавувањето и доставата на материјалите за учество се овозможени преку е-адресата: [email protected], а рокот за тоа е први јуни.

    Трудовите треба да се изработени согласно трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

    На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување, односно труд во работна верзија.

    Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

    Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично