ПОВЕЌЕ

    Народна банка: Немаме веќе надлежности врз Еуростандард банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Народната банка, во врска со јавниот повик на Трифун Костовски, акционер во Еуростандард банка, во соопштение наведува дека дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје е укината на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.

    Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка, наведуваат од Народната банка. Додаваат дека при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично