ПОВЕЌЕ

    Запознајте се со криптовалутата Нано

    Време зa читање: 2 минути

    Банките ни се доверливи финансиски посредници веќе неколку векови. Тие нудат сигурно место за нашите пари и релативно лесен пристап до нив. Но сепак со банкарските провизии и времето на трансакции, ова самото по себе си има цена.

    Што ако купувачите и продавачите би можеле безбедно да вршат трансакција без да има потреба од посредник?  Ова беше движечката сила за раните комплексни алгоритми на дигиталните валути во комбинација со криптовалутата и јавнатата книга која е достапна за сите. Тоа би значело дека банките повеќе не би биле потребни за да се проверат трансакциите.

    Сепак овие криптовалути се далеку од совршени. За нивно наоѓање потребен е процес наречен рударство каде компјутерите се натпреваруваат за решавање на сложени равенки во формат на награда на “новопечена” валута. Но како што расте книгата на трансакциите овој процес станува се повеќе бавен, неефикасен и скап.

    Криптовалутата наречена Нано, користи иновативна технологија наречена блок решетка која работи без процес на рударство што резултира во трансакции од која било големина обработени, веднаш без никакво ограничување за тоа колку трансакции можат да се појават истовремено. Нано, е дигиталната валута дизајнирана да функционира на глобално ниво. Нејзината визија е да се донесе дигитална валута до сите луѓе.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично