ПОВЕЌЕ

    Наместо аеродром штипјани ќе добијат најголема фотонапонска електрана на Балканот

    Време зa читање: 2 минути

    Како една од најголемите надежи во енергетскиот сектор премиерот Зоран Заев ја најави државната инвестиција во фотонапонска електрана најголема на Балканот.Локацијата би била на местотот каде што претходната Влада предвидуваше изградба на аеродром во Штип.

    -Следно е големата надеж на енергетскиот сектор на Северна Македонија, а тоа е сопствена инвестиција која до крај ќе одлучиме дали е 100% наша инвестиција сопствена или ќе одиме со јавно приватно партнерство, но впечатокот е да одиме со сопствена инвестиција да остане 100% сопственост на државата. Станува збор за локацијата на порано предвидениот аеродром во Штип од 477 хектари комплетно државна сопственост во близина на големите трафостаници и далноводи, идеална локација на која што планираме меѓу 300 и 350 мегавати фотонапонска електрана, веројатно една од најголемите или ако не најголема на Балканот, истакна премиерот.

    Самата инвестиција е 200 милиони евра, веруваме дека ќе најдеме начин на финансирање, без тоа да влијае на било кој начин на државниот долг. 350 мегавати се двата блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Битола работи на 175 мегавати, нормално овде фотонапонските централни не работат 24часа, работат додека има светлина, вели Заев.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично