ПОВЕЌЕ

    Најпрофитабилните енергетски компании – вртат милионски суми

    Време зa читање: 8 минути

    Енергетски компании, автомобилска индустрија, рударство, фармација, нафтен бизнис, телекомуникации, консултантски услуги  – од овие сектори се регрутираат најпрофитабилните компании во земјава. Во ова продолжение на анализите посветени на најуспешните фирми. „Таргет Груп“ анализира кои дејности и бизниси носат најголеми профити и кои се водечките компании во тие сектори.

    Какви профити прави енергетскиот сектор?

    Еден од најпрофитабилните бизниси во земјава е енергетиката која генерира добивки што се бројат во десетици милиони евра. Па така, ЕВН Македонија – Акционерско друштво за услуги Скопје со добивка во износ од 34 040 000 евра е дури и меѓу првите пет најпрофитабилни компании. ЕВН лани успела да ја зголеми добивката во однос на 2018 година кога изнесувала 18 270 000 евра. Со тоа ЕВН од деветто место на листата на ТОП 100 најуспешни компании со вклучен државен сектор скока на петто место по остварена добивка.

    Компанијата е меѓу водечките и според остварените приходи.

    Во текот на минатата година имала приходи од 242 милиони евра и се наоѓа на петто место на листата Топ 100 најуспешни компании со вклучен државен сектор. Претходната година пак била на на третото место, но лани бележи пад на приходите во однос на 2018 година кога изнесувале 369 милиони евра.

    Државата енергетска компанија ЕСМ пак минатата година генерирала добивка од 3,1 милиони евра, и за разлика од претходната година има драстично намалување на прифитот. Односно во 2018 година имала профит од 27, 2  милиони евра. Па така, ЕСМ според профитот годинава е на 54 место на листата ТОП 100 компании со вклучени државни фирми, а претходната година била на 5 то место. Во однос на приходите, ЕСМ лани имала 207 милиони евра, сума што е нешто помала од тоа што го остварила во 2018 година кога била на петто место според остварен приход, а лани се симнува на шестото место.

    Државната компанија МЕПСО пак со приходи од 88,7 милиони евра во текот на минатата година се наоѓа на 24 место на листата Топ 100 компании со вклучен државен сектор и во однос на претходната година има пад за едно место, но и мало намалување на приходите. Во однос на добивката оваа компанија лани имала добивка од 7,2 милиони евра и е зголемена во однос на претходната година кога изнесувала 6,4 милиони евра.

    Енергетската компанија ГЕН-И се наоѓа на четвртото место по генерираниот приход лани, и има пад од неколку места, односно во 2018 година била на десетото место.  Приходот на ГЕН-И изнесува 136 милиони евра во текот на минатата година. Во однос на добивката пак компанијата не е на листата на ТОП 100 најуспешни. Лани ГЕН-И имала добивка од околу 400 илјади евра.

    Компанијата Пелагонија Енерџи, произведува електрична енергија од органски отпад што го произведува Земјоделскиот комбинат Пелагонија е на листата на ТОП 100 компании по остварена добивка, односно според добивката остварена лани се наоѓа на 98 место, и има пад од претходната година кога се била на 54 место. Лани оваа компанија имала добивка од 2 милиони евра. Во однос на приходите пак компанијата не е на листата на ТОП 100 . Односно лани имала приходи од 9,5 милиони евра.

    Компанијата Енерџи Деливери Солушнс, која пред неколку години поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ја продаде на грчката национална компанија за производство на струја, се наоѓа на 20 –то место по остварениот приход минатата година кој изнесува 94 милиони евра за разлика од претходната година кога била на 28 место со приходи од 81,5 милиони евра. По однос на добивката, оваа компанија лани има добивка од  околу 273 илјади евра, за разлика од претходната година кога имала добивка од 22 илјади евра.

    ХСЕ Мак енерџи е на 95 –то место според остварениот приход од минатата година кој изнесува  29 милиони евра и има зголемување во однос на претходната година кога изнесувал 12 милиони евра. Во однос на добивката оваа енергетска компанија лани имала профит од 205 илјади евра, но е драстично зголемен во однос на претходната кога имала 38 илјади евра добивка.

    ЕВН Трејдинг е на 57 место во однос на остварените приходи од минатата година кои изнесуваат околу 49 милиони евра и се зголемени во однос на претходната година кога изнесувале 37,6 милиони евра.

    Компанијата Балкан Енерџи Груп лани имала приходи од 22 милиони евра и се зголемени во однос на претходната година.  Но минатата година не прикажува добивка за разлика од претходната кога имала околу 760 илјади евра.

    Кои се најпрофитабилните сектори во Македонија?

    На листата Топ најуспешни фирми во земјава, првите 20 компании, со различен бизнис-профил прикажуваат профит повисок од 8 милиони евра.

    Според остварените добивки, меѓу најбројните на оваа листа се фирмите од рударскиот сектор заедно со секторите поврзани со оваа тешка индустрија – вадење и преработка на мермер и производство на цемент како и трговија во метали и метални производи. Овој бизнис опфаќа повеќе големи компании кои генерираат големи добивки.

    Профит во износ од 66 милиони и 300 илјади евра имало Друштво за трговија ЦМК Европа ДООЕЛ Скопје – компанија од рударскиот сектор која според регистрираната дејност се занимава со трговија на метали и метални производи.

    Следува рудникот САСА ДООЕЛ Македонска Каменица во 2019 та година прикажува добивка од 41 500 000 евра. Во оваа секторска група е и скопската компанија Цементарница УСЈЕ АД Скопје лани генерира профит од 20 300 000 евра, Акционерско друштво за производство, преработка, трговија и монтажа на украсен камен МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп има профит од 20 130 000 евра, друштво за производство, трговија и услуги БУЧИМ ДОО Радовиш прикажаува добивка од 14 400 000 евра, и трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО с.Возарци, Кавадарци е со добивка од 10 500 000 евра.

    Едни од највисоките добивки имаат компаниите од автомобилската индустрија – фирми од голем „калибар“кои се во странска сопственост. Во оваа дејност доминираат: Друштво за производство, трговија и услуги ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ Скопје со добивка 77 000 000  евра, со што оваа странска фирма практично е прва на листата според висината на оставрената добивка а е една од водечките според приходите и бројот на вработени. Во овај сектор е и Друштво за производство, трговија и услуги ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, уште една странска фирма со остварена добивка во износ од 12 500 000 евра а е меѓу водечките според вкупни приходи и борј на вработени.

    И секторот констултантски услуги се вбројува меѓу најпрофитабилните а од овој бизис, меѓу првите 20 ет компании од различни сектрои,  се Акционерско Друштво за деловни менаџмент и други консултантски услуги КАМЕНИМОСТ КОМУНИКАЦИИ АД Скопје со добивка од 14 740 000 евра и  Друштво за трговија и услуги СУПОРТ & СОЛУШНС ЦЕНТАР МК ДООЕЛ од Скопје со искажана добивка во износ од 10 600 000 евра.

    Градежништво , особенопреку нискоградбата  е високо рангирано според профитабилноста, а во Топ 20 фирми според добивката и дејноста се наоѓаат една домашна и една странска компанија. Така Јавно претпријатие за државни патишталани прикажало добивка во износ од 46 910 000 евра, сума која го рангира на високото трето место според вој критериум. Втора компанија од градежниот сектор со добивка повисока од 8 милиони евра е СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Пекинг – Подружница Скопје со профит од 24 166 000 евра.

    Не помалку профитабилен е и телекомуникацискиот бизнис, а во првите двесет фирми влегуваат две од овој сектор: Македонски Телеком  Акционерско друштво за електронски комуникацииСкопје со профит од 27 000 000 евра и Телекомуникации Друштво за комуникациски услуги А1 МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со добивка од 11 500 000 евра.

    Во групата сектори и индустрии во кои се генерираат милионски профити се и
    фармацевтска индустрија каде водечка е фармацевтска хемиска козметичка индустрија АЛКАЛОИД АД Скопје со добивка од 16 400 000 евра, потоа следува инустријата  за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци а во овој сектор со добивка од 16 000 000 евра е  Трговско друштво за пиво, слад, оцет, алкохолни и безалкохолни пијалаци ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопјеа со висока профитабилност е и нафтниот бизнис, каде доминира МАКПЕТРОЛ –Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати Скопје со добивка од 14 300 000 евра. Бизнисот со игри на среќа се вбројува како исклучително порфитабилен а милионските добивки се на конто на една водечка фирма –  Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје со генериран профит  од 10 900 000 евра во 2019 та година.

    На оваа листа фирми рангирани според профитабилноста на дејноста се наоѓа и грчката  ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје – странска компанија од секторот трговија која лани прикажала добивка во износ од 8 200 000 евра.

     

    Во следното продолжение „Таргет Груп“ ќе ги рангира најголемите работодавачи во земјава – кои се фирмите кои имаат најголем број на вработени?

    Напомена: Во оваа анализа на листата ТОП 100 најсупешни компании додадени се и податоците за фирмите кои се во државна сопственост. Листата ТОП 100 компании без државните фирми може да ја погледнете на следиот линк. 

    Анализа на податоците: Таргет груп

    Изработил А.Д

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично