ПОВЕЌЕ

    Каде се најниските плати во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    По објавување на просечната нето плата по вработен од страна на Државниот завод за статистика,  која изнесува 27 588 или  448 евра за месец ноември 2020 година, може јасно да се забележи и направи споредба кои дејности со плати се далеку од просекот на плати во Македонија.

    Во прилог е листа на пет најниски просечни плати во Македонија по дејности:

    На дното на најниска просечна нето плата по дејност е заштитни и истражни дејности со 15 249 денари или 248 евра. Едно скалило погоре се производство на кожа и слични производи од кожа со 16 644 денари или 270 евра, а потоа следуваат туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив со 16 995 денари или 276 евра. Производство на облека со 17 606 денари или 286 евра и  дејности за подготовка на оброци и служење на храна  17 447 денари или 283 евра.

    По ова може да се забележи дека просечната нето плата од најниската просечна плата по дејност заштитни и истражни дејности изнесува цели 12 339 денари.

    Од друга страна, на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во ноември била 66.556 денари или 1082 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично