ПОВЕЌЕ

    Најмоќни жени во банкарството: Ен Финјукан

    Време зa читање: 2 минути

    Ен Финјукан е заменик претседател на „Bank of America“.

    Кога летово протестите и граѓанските немири околу полициската бруталност и расна нееднаквост се проширија низ целата земја, Банката на Америка направи многу повеќе од тоа само да се зборува за проблемите.

    Втората по големина банка на нацијата спроведе на дело широка иницијатива за расна еднаквост, обврзувајќи една милијарда долари за низа причини што опфаќаат здравствена заштита за домување. Исто така, издаде корпоративна обврзница од една милијарда американски долари, целосно фокусирана на собирање капитал за заем на здравствената индустрија во услови на криза предизвикана од Ковид 19. Дополнително вети 250 милиони долари нов капитал за финансиските институции за развој на заедницата и институции за малцински депозитори за заеми на мали бизниси и непрофитни организации.

    Финјукан, која ја води стратегијата за животна средина, социјалата и управувањето на компанијата, беше движечка сила зад секоја од тие одлуки. Голем дел од нејзиното искуство до сега ја подготвуваше за овој момент.

    Таа ја водеше Банката на Америка, низ трнливи проблеми во блиското минато, од Брегзит до неговата одлука да се откаже од финансирање на приватни затвори и одредени видови на производители на оружје.

    Голем дел од вработените во Банката, биле трогнати од трагедии, од пожари до урагани до масовни пукања. Тие минати кризи и помогнаа на Финјукан да развие еден вид нацрт за одговор на кризи.

    На краток рок, акцентот е ставен на финансирање на организации кои можат да направат повеќе тестирања и следење на контакти за Ковид 19. На долг рок,  пак, достапен е третман за пациенти со коронавирус и вакцина

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично