ПОВЕЌЕ

    Најголемата казна во историјата на Wall Street: Robinhood мора да плати 70 милиони долари

    Време зa читање: 2 минути

    Robinhood е платформа за онлајн трговување со акции на берзите на Wall Street, чиешто постоење и обем на тргување се обавува преку него преку т.н. мали инвеститори. Robinhood предизвика неколку контроверзни ситуации само од почетокот на 2021 година, каде што најголема беше аферата поврзана со кратката продажба, и за возврат „масовното востание“ во одбрана на компанијата GameStop.

    Financial Industrial Regulatory Authority (FINRA), како сегашно регулаторно тело за сите трансакции на Wall Street, одлучи да го казни Robinhood со 70 милиони долари за „системскиот надзор“ бидејќи им наштетил на инвеститорите со обезбедување дезинформации.

    Ова е досега најголемата изречена казна во историјата на работењето на ФИНРА.

    Сепак, казната не беше изречена за кој било случај од тековната календарска година, туку за долгорочните системски прекини на трговијата на платформата што се случија во текот на март 2020 година, како и за недоволно објаснетата постапка за тргување со опции, што меѓу останатото, доведе до самоубиство на еден дваесетгодишен трејдер.

    Robinhood ќе треба да плати 57 милиони долари казна и уште 12,6 милиони долари, плус камата за голем број оштетени инвеститори.

    Пред само неколку месеци, оваа платформа беше сфатена како прозорец за малите инвеститори кои влегуваат на берзата во САД (и пошироко), нешто во согласност со нејзиното име. Основана е пред осум години во Калифорнија како финансиски стартап од Бугаринот Владимир Тенев и Американецот со индиско потекло Баиџу Праулкумар Бат.

    Според социјалните мрежи, а пред се на сега познатите форуми посветени на тргувањето со акции на мрежата Редит, најновата одлука на регулаторите за финансии, се смета како дел од агресивната одбрана на големите инвеститори во нивниот обид „да го отворат пазарот“ кон обичениот свет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично