ПОВЕЌЕ

    Најголем месечен пад на невработеноста во Шпанија

    Време зa читање: 2 минути

    Во мај годинава, во Шпанија е забележан најостар месечен пад на бројката на невработеност.

    Тоа е трет последователен месец на опаѓање на невработеноста, бидејќи олеснувањето на мерките за ограничување од короната ја зголемија економската активност во земјата, која беше сериозно погодена од пандемијата.

    Податоците на Министерството покажуваат дека бројот на регистрирани невработени во Шпанија се намалил за 3,31 процент во мај во споредба со претходниот месец, на 3,78 милиони баратели на работа.

    Во споредба со мај минатата година, бројот на невработени лица падна за 1,98 проценти.

    Сите економски сектори и сите шпански региони пријавија помала невработеност, при што најмногу паѓа бројот на невработени во услужниот сектор, кој беше најтешко погоден од пандемијата.

    Месецот Мај е традиционално силен месец за шпанскиот пазар на труд, бидејќи многу компании преферираат да вработуваат пред летната туристичка сезона.

    Тој ефект беше засилен со укинувањето на вонредната состојба во земјата на почетокот на минатиот месец, што им овозможи на Шпанците да патуваат надвор од нивните родни региони и придонесе да процветаат туристичките посети од домашните гости.

    Мерките за ограничувањето на работното време за баровите и рестораните се исто така олабавени во повеќето региони.

    Динамичното закрепнување на шпанскиот пазар на трудот е потврдено и со фактот дека во мај беа отворени повеќе од 45.000 нови работни места, соопшти Министерството, со што е прекинат бројот на тримесечниот пад на работните места.

    Бројот на лица кои се на државната програма за субвенционирани плати, која неодамна беше продолжена до крајот на септември, падна на 95.000 лица од 542.142 корисници или за 85% во споредба со највисокото минатогодишно ниво од 3,6 милиони.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично