ПОВЕЌЕ

    Најбогатиот човек на светот за 60 секунди заработува 3 пати повеќе од работник за една година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во моментов најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, стана уште побогат од пред неколку дена. Безос е основач и извршен директор на „Амазон“, чии акции се зголемија за 12 проценти минатата недела, пренесува „Блумберг“.

    Тоа значи дека Безос, кој поседува 12 проценти од акциите на „Амазон“, за 15 минути станал побогат за 13,2 милијарди американски долари, пренесува „Блиц“.

    Притоа, тој го престигна основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, со кого „се натпреварува“ за првото место за најбогат човек на светот во последните три години. Покрај „Амазон“, Безос е сопственик на американскиот весник „Вашингтон пост“ и основач на авиокомпанијата „Блу Ориџин“, која изработува комерцијални авиони за пат до Месечината.

    Дипломирал на Принстон, започнал да работи за компанија на „Вол Стрит“, но решил да преземе ризици и да си постави сопствен бизнис. Денес, Амазон вреди повеќе од трилион долари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично