ПОВЕЌЕ

    Над 2400 граѓани го донирале повратот на ДДВ

    Време зa читање: 2 минути

    Над 2400 граѓани во изминативе два дена го донирале повратокот на ДДВ за справување со последиците од коронавирусот. Апликацијата „Мој ДДВ“ дозволува повратокот од кварталот јануари-март, секој граѓанин да го врати на државата и на тој начин да учествува во борбата со вирусот поради кој е прогласена пандемија. Уредбата за враќање на повратот на ДДВ беше донесена пред два дена од страна на Владата.

    Исплатата на повратот на ДДВ ќе започне на 6 мај. Претходно, министерката за финансии, Нина Ангеловска, на почетокот од месецов кажа дека и покрај економската криза, сите граѓани кои скенирале фискални сметки, ќе ги добијат парите на своите трансакциски сметки.

    Владата објави и сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот КОВИД–19.

    „Уплатата на средствата (во денари) за донација се врши на образец ПП 50, и се пополнува на следниов начин: Назив на примач: Трезорска сметка, Влада на Република Северна Македонија, банка на примач: НБРСМ, трансакциска сметка: 100 000000063095, сметка на корисник: 0400100078785С9, приходнa шифра: 744111 (за правни лица), приходнa шифра: 744211 (за физички лица), програма: Р1, цел на дознака: Финансиска помош – КОВИД – 19“, информираа претходно од Владата.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично