ПОВЕЌЕ

    На што треба да обрнете внимание кога се одлучувате за потрошувачки кредит?

    Време зa читање: 5 минути

    Пред вас е одлична понуда во салон за бела техника која не сакате да ја пропуштите за да можете да го замените вашиот дотраен апарат? Или можеби, едноставно сакате да си го разубавите животниот простор со набавка на нов мебел. Ви требаат пари за нов компјутер, за покривање на трошоците за студии на вашето дете. Или само сакате да си дозволите патување или убав одмор. Желби или потреби секогаш има многу, а заштедени средства најчесто недоволно за нивно задоволување. Во вакви ситуации решение кое ви стои на располагање е позајмување средства од банка, преку подигнување на потрошувачки кредит.

    Сепак, по одлуката дека ви се потребни дополнителни средства во вид на кредит, кога се позајмуваат пари од банка, секогаш е многу важно прво да се запознаете со предлозите на различните банки и да направите добра проценка на условите кои тие ги нудат за да одберете тоа што за вас е најповолно, во согласност со вашите сегашни и идни финансиски состојби.

    Постојат неколку клучни аспекти кои треба да се земат предвид кога се носи одлука од каде да се земе кредит:
    Каматна стапка

    При поднесување на апликација за кредитно задолжување, морате да внимавате на висината на каматата, бидејќи висината на ратата зависи од неа. Колку е помала каматната стапка, толку е поголема и заинтересираноста на потрошувачите за одреден вид кредит. Во моментов, поволна каматна стапка има RELAX ПОТРОШУВАЧКИОТ ненаменски кредит со животно осигурување на ХалкБанк каде каматата за првите две години е фиксна и изнесува 5%. ХалкБанк неодамна изврши намалување на каматните стапки, но и на другите дополнителни трошоци за своите најбарани кредити, со цел да излезе пресрет на потребите на населението. Оваа исклучителна понуда за намалени каматни стапки и трошоци важи во промотивниот период кој трае до 15 декември.

    Рок на отплата

    Многу често семејниот буџет не е доволен за да издржи отплата на кредитот во кус временски период бидејќи колку е покус рокот на отплата, толку е и ратата повисока, што значи дека остануваат помалку пари во семејниот буџет за тековните потреби. Рокот на отплата е особено важен доколку се подигнува кредит кој е со поголем износ. Токму затоа Relax ненаменскиот потрошувачки кредит на ХалкБанк на корисниците им нуди можност за отплата на период до 120 месеци. Истовремено, корисниците, согласно својата финансиска состојба и потреби, можат да аплицираат за кредит до 1.200.000 мкд.

    Начин на аплицирање

    За да не губите многу време, многу е важно да одберете банка каде аплицирањето можете да го направите електронски, преку вашиот компјутер, лаптоп или мобилен телефон. На интернет страницата на ХалкБанк аплицирањето е едноставно со пополнување на висината на месечните примања и ваши контакт податоци. Потоа, очекувајте да ве контактира вработен во Банката кој детално ќе ве води кон следните чекори. Притоа, со кредитниот калкулатор можете да проверите колкава ќе ви биде висината на ратата за бараниот износ и рок на отплата. Дополнително, можете да најдете информација за сите потребни документи и да ги пополните и заверите потребните формулари за да не одите по неколку пати во банката. Нормално, тука е и традиционалниот начин на аплицирање – во некоја од филијалите на ХалкБанк каде секој може да ги добие детално сите потребни информации.

    Дополнителни трошоци

    Она што корисниците често не го земаат предвид се висината на дополнителните трошоци, како на пример оние за обработка на договорот, како и тоа дали во случај на предвремена отплата треба да плаќаат некакви пенали. Кај Relax ненаменскиот потрошувачки кредит со животно осигурување во промотивниот период до 15 декември не се наплаќа провизија за обработка на кредитот. Истовремено, сите корисници на кредитот во случај на предвремена ликвидација нема да имаат обврска за плаќање провизија. Единствени трошоци за кредитот се наплата на 350 денари за проверка на кредитната историја во Кредитно биро и 150 денари за апликација на кредитот, но истите се наплаќаат само во случај доколку кредитот е одобрен, пред неговата исплата. За одбиени или откажани барања не се наплаќа надоместот. Висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот.

    Предности на понудата

    Во насока на задоволување на потребите на клиентите за што поповолни банкарски услуги, ХалкБанк и го креираше Relax потрошувачкиот кредит со кој нуди потрошувачки ненаменски кредит со животно осигурување. ХалкБанк АД Скопје е лиценциран застапник за продавање на полиси за животно осигурување од Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Осигурителната полиса издадена од Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

    Искористете промотивни периоди

    Банките многу често за одделни свои производи обезбедуваат поповолни услови во одредени промотивни периоди. И тие секако треба да се искористат доколку имате потреба од средства за задоволување на некои свои потреби. Такви промотивни услови моментално има ХалкБанк која ги намали каматните стапки и трошоците за своите најбарани кредитни производи. Овие услови ќе важат за сите клиенти кои ќе аплицираат до 15 декември. За сите ваши потреби паметен потег би било искористувањето на промотивниот период до 15 декември кој за дел од своите производи го нуди ХалкБанк. Relax ненаменскиот потрошувачки кредит со животно осигурување, со 5% фиксна каматна стапка за првите две години и 0% трошоци за обработка и предвремена отплата на кредитот може да биде вистинско решение за вас.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично