ПОВЕЌЕ

    На продажба денеска акции од Реплек вредни 4 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Нова продажба на акциите на Реплек е закажана на Македонска берза за денеска и тоа на продажба се нудат дури 1.783 акции.

    Денешната се смета за клучна продажба на акции бидејќи ќе се продаваат 6.88 проценти од акциите на Реплек. Продажбата на овие акции се смета дека ќе ја избистри сликата за новата сопственичка структура во компанијата и ке ја реши борбата за превласт меѓу акционерите.

    Според сознанијата на Пари.мк акционер кој поседува 6.88 % од акциите во Реплек е Сава пензиско друштво. Почетна продажна цена е 135.000 денари по акција преку моделот “се или ништо“, или почетната вредност на пакетот акции изнесува околу 3,9 милиони евра.

    Во централниот регистар се впишани 6,40% од акциите на Задолжителниот пензиски фонд на Сава. Останататите 124 акции кои изнесуваат 0,48% се содржани во Доброволниот фонд Сава пензија плус, или со овие акции вкупно Сава пензиско друштво а.д Скопје поседува 6,88% од акциите во Реплек. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично