ПОВЕЌЕ

    На Берзата блок трансакции со акциите на „Макпетрол“ и Стопанска банка Битола

    Време зa читање: < 1 минутa

    Две блок трансакции се реализирани вчера на Берзата со акции на „Макпетрол“ и на Стопанска банка Битола. Првата е во вредност од 184,4 илјади евра, а втората – близу 70,6 илјади евра.

    Познат купувач за 166 акции на најголемиот дистрибутер на горива платил 11.371 илјада денари. Цената за една акција е 68.500 денари. На официјалниот пазар, пак, на денешниот прв работен ден на Македонската берза, акцијата на „Макпетрол“ забележала просечна цена од 68.020 денари.

    Пакетот на битолската Стопанска банка е сочинет од 1.612 акции. Вредноста на блок трансакцијата 4.352,40 илјади денари. Пресметана е по цена од 2.700 денари за акција, колку што е и постигнатиот денешен просек на официјалниот пазар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично