ПОВЕЌЕ

    На 23 општини ќе се доделат првите договори за инфраструктурни проекти од ТАВ програмата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Денеска со почеток во 12:00 часот, премиерот Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми Сани Шенер, ќе се обратат на настан по повод доделувањето на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ програмата.

    По официјалните обраќања договорите на градоначалниците ќе им ги доделат Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции и Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонијa. На настанот ќе присуствуваат и првиот заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично