ПОВЕЌЕ

    Мултитаскингот го убива вашиот мозок

    Време зa читање: 2 минути

    Нашиот мозок не е наменет за мултитаскинг. Тој е наменет да се фокусира на една работа во еден даден момент. Бомбардирањето на информации само не успорува. Еве зошто итно треба да ставиме крај на оваа лоша навика.

    Врвните научници докажаа дека кога луѓето мислат дека прават мултитаскинг, тие всушност многу брзо преминуваат од една на друга задача.

    Овој прекинувач ги охрабрува лошите навики во мозокот. Со секое започнување на секоја мала работа добиваме доза на допамин, кој всушност претставува “надаграден хормон.” Тоа му е угодно на нашиот мозок затоа што ни дава чувство на среќа и задоволство по извршувањето на задачите.

    Лесно е утврдено дека со мултитаскинг добиваме премногу од овој хормон затоа што имаме чувство дека правиме многу со префрлување од една во друга работа. Како кога работиме на некој проект и одговараме на Твитер пораки или емаил истовремено.

    Иако многумина го наведуваат во биографијата како посебна вештина, реалноста е дека мултитаскингот го намалува квалитетот и ефикасноста на работата. Ви отежнува да ги организирате своите мисли и да филтрирате ирелевантни информации. Науката покажа дека кога некој луѓе прават мултитаскинг, одредени делови од мозокот наликуваат на мозоци кои не спијат цела ноќ или пушат марихуана.

    Мултитаскингот се врзува со кортизол, хормонот на стрес. Нашиот мозок постојано ја менува брзината и фокусот, правејќи нè истоштени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично