ПОВЕЌЕ

    Нина Ангеловска гордо објави: „МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници – Барајте и скенирајте фискални сметки”

    Време зa читање: 3 минути

    МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници”, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил, притоа додавајќи: Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите”.

    Барајте ги и скенирајте ги вашите сметки затоа што:

    🛑 Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите!

    И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем.

    🛑 Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!

    🛑 Со последните измени како одговор на Kовид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаграда

    👉 Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 денари и секој месец 15 награди x 20.000 ден.

    👉 Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.

    Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал. Сите можеме да придонесеме! Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество.”, напиша министерката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично