ПОВЕЌЕ

    ММФ: „Криптовалутата може да биде следниот чекор во развојот на парите“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави видео во кое објаснува што е криптовалутa. Освен што се сугерира дека криптовалутата може „целосно да го промени начинот на продажбата, купувањето, заштедата, инвестирањето и плаќањето на нашите сметки, во видеото се вели дека „тоа може да биде следниот чекор во еволуцијата на парите“.
    Видеото кое ММФ го објави преку Твитер, веднаш стана вирално. Осврнувајќи се на криптовалутата како „специјална валута“, двоминутното видео се обидува да ги претстави придобивките од плаќањата, како на пример, отстранување на посредници, намалување на трошоците и зголемување на брзината на трансакцијата. Исто така, предупредува за она што го смета за ризик, како што се анонимност и нестабилност.

    Видеото се повикува на списанието F&D (Финансии и развој) на ММФ, издание јуни 2018 година, под наслов „Парите Трансформирани – иднината на валутата во дигиталниот свет“. Кога излезе тоа списание, организацијата го објави горенаведеното видео на својот канал „Јутјуб“, за кое во тоа време имаше мал интерес.

    Погледнете го видеото:

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично