ПОВЕЌЕ

    Митови за вашата кариера

    Време зa читање: 2 минути

    Денес, имаме поголема флексибилност во тоа каде работиме, кога работиме, дури и како работиме. Но кога станува збор за кариерата постојат митови кои не ни одат во прилог. Верувањето во нив може да нè одврати од растот и да не спречи да донесуваме паметни одлуки:

    Мит: Промена на кариерата лошо се одразува на вашата животна траекторија.

    Вистина: Не само што тоа може да биде добро за вас, туку и е многу пати препорачливо

    Просечното лице ги менува работните места скоро 12 пати, од 18 до 50 години, според Бирото за статистика на трудот и обично има три или четири различни кариери. Колку повеќе промени ќе направите, толку е поголема веројатноста дека ќе успеете да го најдете работното место кое ви носи најголема заработка и најмногу ве исполнува.

    Мит: Правењето пауза во вашата кариера лошо ќе се одрази на вашиот успех

    Вистина: Правењето пауза во вашата кариера многу пати не е во ваша контрола. Но имате контрола врз тоа како стратешки ќе го употребите тоа време.

    Без разлика дали правите пауза за да се посветите на вашето дете, да се грижите за вашиот родител или дури и да патувате, важно е да одвоите време за да сфатите што навистина сакате. 37% од жените го напуштаат своето работно место, за да се посветат на фамилијата. За време на таа пауза, практично е да посветат време и на усовршување на одредена вештина или на учење нешто сосема ново. 

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично