ПОВЕЌЕ

    68,3 милиони евра се распределени на сметките на клиентите во 4 банки за исплата на депозитите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Нов бран граѓани-штедачи од пропаднататата Еуростандард банка денеска ќе ги посетат Експозитурите на 4 банки: Комерцијална, Стопанска банка- Ад Скопје, НЛБ и Халк банка  за исплатата на депозитите заглавени во Еуростандард банка.

    Парите веќе се префрлени, а штедачите на Еуростандард се распоредени во 4 групи врз основа на почетните букви на презимињата.

    Префрлени се над 4, 2 милијарди денари односно околу 68,3 милиони евра од Фондот за осигурување на депозити, за исплата на депозитите.

    Просечно по штедач излегува дека секој од нив имал околу 500 евра на сметката во Еуростандард.

    Нема да се исплаќаат депозитите на членовите на телата на банките и на големите акционери во Еуростандард, како и штедачите кои имале повластени каматни стапки.

    Замрзнати ќе останат и парите кои се поврзани или се сомнителни за кривично дело перење на пари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично