ПОВЕЌЕ

    ТОП 10 земји со најмногу милијардери во светот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Корона вирусот ги погоди луѓето од сите слоеви, вклучувајќи ги и оние со милијарди долари.

    Бидејќи кризната состојба се менува од ден на ден во последните месеци, некои од овие милијардери го изгубија статусот и преминаа во милионери.

    Според „Форбс“, на 18 март 2020 година, во светот имало 2.095 милијардери, а вкупната нето вредност на светските милијардери изнесувала 8 билиони долари, што е за 700 милијарди долари помалку од претходната година.

    Тој пад најтешко ги погоди 58-те од нив, кои во овој период го загубија статусот на милијардери, а 51 процент од нив се „посиромашни“ отколку што биле во 2019 година.

    Топ 10 земји со најмногу милијардери се:

    1. САД – 614
    2. Кина – 388
    3. Германија – 107
    4. Индија – 102
    5. Русија – 99
    6. Хонг Конг – 67
    7. Бразил – 45
    8. Велика Британија – 45
    9. Канада – 44
    10. Франција – 39
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично