Oд техничко лице до претприемач, од web развој до AI – автоматизација, комбинирање на иновации и традиционални маркетинг стратегии. Вака ја започнува својата бизнис инспиративна приказна Милан Савов – сопственик на Веб и SEO агенцијата „Смартклик“ во седмата епизода од подкастот New Biz со Наташа Велковска.
Тој вели дека клучот е во организацијата, приоритетите и добрата комуникација со клиентите. А бизнис коучот му помогнал да се запознае себеси, а пак AI алатките ги користи паметно – таму каде што човечкиот фактор не е критичен.
Савов не ја започнува својата претприемачка приказна со идеја „сакам компанија“ туку со акција. Од web развој до AI автоматизација, неговиот пристап комбинира иновации и традиционални маркетинг стратегии.
Дали AI алатките ќе му бидат „помошниче“ на девелоперот во создавање совршено веб искуство? Што носи иднината на веб развојот и SEO? Милан вели дека AI ќе биде моќна алатка, но без човекот – ништо! Тој вели дека најдобрата SEO доаѓа со анализа, јасна целна публика и истрајност, но и дека без добар тим и хармонија во домот, нема ништо.
Савов е со повеќе од децениско искуство во индустријата и им помага на бизнисите да креираат веб – страници кои ќе бидат основа за повеќето маркетинг канали и поддршка во идно скалирање на бизнисот. Специјалист за создавање рачно изработени HTML/CSS и WordPress веб-страници целосно оптимизирани за подобро онлајн и корисничко искуство.
-Веќе повеќе од 10 години се занимавам со веб-развој и го искористив целото мое работно искуство и силни претприемнички желби за да ја започнам мојата агенција за веб и оптимизација – Смартклик пред неколку години.
Неговиот пристап комбинира иновативни технологии, автоматизација вештачка интелигенција во комбинација со традиционалните маркетинг тактики и алатки. Целта му е да им даде едно посебно искуство на неговите клиенти, а притоа неговата претприемачка приказна не почнува со идеја дека сака да направи компанија туку почнува како фриленсер кои полека низ проектите пто ги добива го гради својот тим,
„На самите почетоци кога учев средно и факултет секогаш бев со верување дека треба да бидеш подобар студент да си најдеш добра работа, да се вработиш, да бидеш добар на работното место. Но, како што се развиваа околностите почнав од вработување на фриленсер и мислам дека тука ми се јави таа желба за претприемништво, во моментот кога почнав мојата работа да ја делегирам и на други луѓе, па ми помогна со саморганизација и организација на други, водење, градењето на тим и мислам дека тогаш природно се случи таа транзиција“, раскажува Савов.
Многу години назад, пред да ја создаде „Смартклик“, Савов студирал на Техничкиот факултет во Битола, отсек информатика. И од тогаш му се јавила желбата да биде програмер, да прави веб-страници.
„Потоа продолжив на магистратура во Штип ги завршив на универзитетот „Гоце Делчев“, и пред крајот на студиите почнав со моето прво вработување, а претходно некои пракси за web development. Работев како програмер, на word press страници. Потоа имаше еден период на транзиција кога почувствував дека сакам да пробам нешто сам и тоа беше периодот кога започнав да работам фриленсер, во тоа време беше сè уште ново, не беше толку ни самиот термин познат, и тоа го работев околу три години, па дури потоа започна приказната Смартклик“, објаснува Савов.
Тој прави споредба дека како фриленсер и претприемач не е истата личност, велејќи дека не можеш да бидеш истиот водејќи бизнис и работејќи како техничко лице.
„Многу важно е да се соживееш со нов идентитет, да го усвоиш новиот идентитет – во ситуацијава кај мене основач и претприемач“, укажува Савов.
Како што вели тој како претприемач мозокот работи прекувремено и постојано размислува за бизнисот, Тој вели дека е човек што сака да се организира, однапред планира и ги поставува своите приоритети.
„Има ден кога јас размислувам на стратегија, на нови идеи, но имам ден каде што размислувам за маркетинг, продажба, луѓе, водење на самите луѓе, и на крајот на неделата си правам како ретроспектива на сè што се случило во таа недела. Се обидувам секогаш кога имам некои мисли и идеи само да ги запишам и во прв слободен момент кога имам потреба нешто подетално да го разгледам да си испланирам и тоа многу ми помага“, истакнува Савов.
Во Македонија не е честа праксата да се бара совет за бизнис од бизнис-коуч, луѓето секогаш повеќе ја одбираат опцијата да одат по интуиција, но тоа е можеби поради тоа што немаме никакво формално образование за претприемништво. Меѓутоа Савов е еден од ретките коишто решил дека му треба бизнис коуч.
„Првпат кога ја почнав соработката со Александар не беше како класичен коучинг. Јас некое време на еден начин лутав во магла, се зафаќав со сите можни сегменти во бизнисот, без некој јасен фокус, без јасна визија, и мене ми требаше насока каде да продолжам, во кој правец да се движам. Се сеќавам првата листа што ја запишав беше со негова помош да дефинираме мисија, визија, вредности, уникатна пропозиција во однос на клиенти, понуда, сè што е поврзано со основите на бизнисот. И кога му ја покажав листата, нашиот разговор тргна во сосема друг правец, бидејќи откривме дека за да стигнеш до тука прво треба да исчистиш некои лични верувања, лични вредности, па дури потоа да работиш на сите други главни фактори. Така што прво тргнавме од мене да сознаам некои работи, односно подобро да се осознаам самиот себе. Мислам дека има една изрека кога ученикот е подготвен, учителот се појавува, и баш беше тоа тој момент, изгледа јас сум бил веќе подготвен за некое следно ниво, а сам не сум можел на тоа ниво“, раскажува Савов.
Нешто што е многу тешко во денешни услови е да се биде на чело на компанија, особено компанија која што некој ја создал, и притоа да се мотвира тим, и да се гледа јасна визија за равој. Но што е она што Савов смета дека е добро кај него како лидер за да го пренесе и да ги мотивираш луѓето коишто се во неговиот тим за иновација, за напредување, за градење, за инвестирање на фирмата?
„Јас секогаш тргнувам од себе што можам јас да направам за да му помогнам на другиот. Сфатив дека колку повеќе јас се едуцирам и ги развивам моите знаења и вештини и се тоа успевам да го пренесам на тимот, дека сите заедно ќе растеме сè повеќе и повеќе, и тоа е нешто што е несомнено и кога тогаш ќе вроди со резултати. И секој што ќе види дека е воден и му се дава знаење и слично може да се докаже и да ја даде својата експертиза во фирмата“, укажува Савов.
Целата епизода и слични на оваа се достапни на New Biz Podcas