ПОВЕЌЕ

    Мицотакис на TikTok го пофали новиот грчки закон: Бесплатен пристап до плажите за секого

    Време зa читање: 2 минути

    Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во својата објава во Тик Ток го пофали и подробно го објасни новиот закон кој се однесува на грчките плажи. Премиерот рече дека со новиот закон се обезбедува бесплатен пристап до плажите за сите граѓани, се обезбедува користење на нова технологија за контроли и се предвидува изрекување построги казни за оние кои го прекршуваат законот и посегнуваат по плажите.

    @kyriakosmitsotakis_

    Ελεύθερες παραλίες 🏖️

    ♬ original sound – Kyriakos Mitsotakis

    Одговарајќи на лажни вести на социјалните мрежи, премиерот појасни:  „Предлог-законот не се занимава со урбанистичко планирање, има растојание од 50 метри од крајбрежјето за градење и ова растојание не се менува. Значи, тоа не влијае на ниту една одредба во врска со условите за градба. Онаму каде што не беше дозволено, нема да се дозволи ниту сега да се гради“, вели тој.

    Премиерот се осврнува и на она што го прави овој закон:

    Обезбедува дека 70% од површината на плажата мора да биде слободна и на минимално растојание од 4 метри од брегот.

    За плажите во природните области, 70% станува 85%, односно лежалките се поставуваат само на 15% од плажата.

    За првпат се создаваат „посебно определени плажи“ со посебна еколошка вредност каде не се дозволени лежалки или воопшто било каква експлоатација.

    Ќе се воведат е-аукции за добивање дозвола за плажа за да се спречи корупцијата кај локалните власти кои ја даваат дозволата за плажа, рече премиерот.

    Секој што ќе добие дозвола ќе има и конкретни обврски, вели премиерот, да ги чисти плажите, да им овозможи пристап на лицата со посебни потреби и секако да има спасител.

    Законот ќе се спроведува со повеќе проверки и ќе има строги казни за прекршителите, па дури и затворање на бизнисот, вели премиерот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично