ПОВЕЌЕ

    МИЦКОСКИ: Бехтел и Енка мора да се заврши, но ефектот врз домашната економија е ограничен

    Време зa читање: 2 минути

    Проектот Бехтел и Енка останува еден од најголемите инфраструктурни зафати во земјата, но и една од најголемите буџетски и економски дилеми. Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека проектот мора да се заврши, бидејќи веќе се потрошени големи средства и тој има стратешко значење со коридорите. Но, тој признава дека краткорочно ефектот врз домашната економија е ограничен, затоа што голем дел од услугите и материјалите се увезуваат. Според Мицкоски, од еден вложен долар во проектот, во македонската економија се враќаат околу 0,7 до 0,8 долари. Тоа го отвора прашањето колку големите инфраструктурни проекти навистина создаваат домашна додадена вредност.

    „Сето ова влегува позитивно во бруто домашниот производ, освен проектот Бехтел и Енка, кој што македонската јавност ја лажува дека ќе учествува позитивно.

    Не учествува?

    Не учествува.

    Како ја се дава? 200 милиони годишно, 300 милиони годишно?

    200-250 милиони долари. Но ние, замислете, увезуваме услуги. Практично на еден долар вложен нас ни се враќаат 0,7-0,8 долари во македонската економија. Затоа што увезуваме услуги. Тоа е најголемиот проблем. Затоа што сè што се вградува е или увезено, или увезуваме услуги од други земји…. Но, ние мораме да го завршиме од други причини, затоа што веќе се потрошени половина милијарда….“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично