ПОВЕЌЕ

    Менаџерите потврдија: Работата од дома станува постојана пракса

    Време зa читање: 2 минути

    Истражувањето на Институтот на директори (IoD), кое вклучува нешто помалку од 1.000 компании, покажува дека 74% од нив, планираат да испратат што е можно повеќе вработени да работат од дома.

    Според студијата, најголемиот дел од работата дома е веројатно постојана пракса во многу компании.

    Повеќе од половина планираат да ја намалат долгорочната употреба на работните простории. Шефовите, чии компании веќе го воведоа тоа намалување, велат дека „работата од дома е поефикасна“ во 44% од случаите. Ова значи дека многумина би можеле да работат трајно од дoма без никакви проблеми. Сепак, тој не е добар за секого.

    Не секој ќе може да го води тимот „од далечина“, без контакт во живо и во ова време, ќе напредуваат оние што можат да ги совладаат тие вештини. Сепак, се покажа дека сега е поважно за менаџерите, свесни за ситуацијата, да ја зачуваат благосостојбата на нивните работници.

    Компаниите веројатно нема целосно да се префрлат на работа од дома, бидејќи предностите на канцелариското работење не исчезнаа. За многу компании, здружувањето на тимовите се покажува како попродуктивно и пријатно. Споделувањето на работниот простор често им обезбедува на вработените можност за неформален развој и вмрежување кои се клучни, особено на почетокот на нивната кариера.

    Најстарата лобистичка група во Велика Британија соопшти дека во периодот од 11 до 30 септември биле испитани 958 директори на компании, главно од помали компании. Студијата следи по истражувањето на „Би-Би-Си“ од август, според кое 50 најголеми работодавци од Велика Британија, не планираат во блиска иднина да го вратат целиот персонал во канцеларија со полно работно време.

    Анкетен лист од британските медиуми откри дека 24 компании не планираат да ги враќаат работниците во канцеларијата. Сепак, 20 ги отворија своите канцеларии за вработените кои не можат да работат од дома. Извештајот објавен во август од академици на Универзитетот „Кардиф и Саутемптон“ сугерира дека повеќето луѓе кои работат од дома се подеднакво продуктивни како и кога одат на работа.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично