ПОВЕЌЕ

    Од крајот на месецов индексите МБИ10 и ОМБ ќе се пресметуваат по нов состав

    Време зa читање: 2 минути

    На 15.06.2020 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.

    Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Македонски Телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје.

    Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Тринаесетта емисија (RMDEN13), Обврзниците за денационализација Четиринаесетта емисија (RMDEN14) Обврзниците за денационализација – Петнаесетта емисија (RMDEN15), Обврзниците за денационализација-Шеснаесетта емисија (RMDEN16),  Обврзниците за денационализација-Седумнаесетта емисија (RMDEN17) и Обврзниците за денационализација-Осумнаесетта емисија (RMDEN18).

    Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 30.06.2020 година.

    Следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2020 година.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично