ПОВЕЌЕ

    Маврово во знакот на Халк банка

    Време зa читање: 3 минути

    ХалкВелоГрин трката по четврти пат ги собра на едно место поборниците на велосипедизмот и на здравите животни навики. Маврово во знакот на Халк банка. Се одржа традиционалниот натпревар проследена со навивање, дружење и забава, при што централното место го имаше велосипедот како средство за рекреација и спорт.

    Трката е дел од еко – платформата ХалкЕко, преку која се дава голем придонес за заштитата и подобрувањето на животната средина. Се вбројува меѓу многуте настани и активности кои Халк банка ги организира или ги поддржува преку својата платформата ХалкЕко, а во рамките на „зелената агенда“. А, преку истоимената апликација, со вредни награди ги мотивира корисниците што повеќе да пешачат, односно да користат велосипед или тротинет како превозни средства.

    Победниците добија вредни парични награди, кои ги обезбеди Халк банка: 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата ВОЗРАСНИ, во машка и женска конкуренција, а во категоријата ДЕЦА – 10.000, 5.000 и 3.000 денари.

    Андријана Анастасоска стигна прва на целта во категоријата ВОЗРАСНИ женска конкуренција, второто место го освои Александра Танасоска, а третото Лидија Мано Илиев.

    Во истата категорија -машка конкуренција победник е Димитар Јовановски, второпласиран Кирил Марковски и трет Маријан Тасевски. Годинава имаше и подкатегории одредени од возраста на натпреварувачите од 40 до 49, од 50 до 59 и над 60 години.

    Во категорија ДЕЦА, на возраст од 13 до 17 години најбрзи беа Симона Стојановска oд девојчињата, Андреј Маџоски, Константин Костоски и Никола Ристески од машките.

    Меѓу најмладите – од 6 до 12 години, кои возеа од Никифорово и назад, патека долга 12 километри,  првите три места ги освоиј Оља Цветанова, Тија Кукунешоска и Софија Кутаноска од женските, а од машките како најдобри велосипедисти се покажаа тројца со име Марко – Михајлов, Шаврески и Чекеровски.

    За најбрзи тимови, пак, беа прогласени тимовите на Нивеа, ЈЦА и на Халк банка.

    Паричните награди освоени во категоријата ВОЗРАСНИ ќе бидат исплатени на сметка на добитникот во Халк банка, а секој од нив ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.

    Собраните средства од котизациите за учество во трката, согласно воспоставента практика, Халк банка повторно ќе ги искористи за општествено корисни цели.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично