ПОВЕЌЕ

    Mastercard започнува програма за биоразградлива кредитна картичка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Mastercard започнува програма за одржлива кредитна картичка која што ќе може да биде рециклирана, и направена од биоразградлива пластика.

    Годишно се произведуваат околу шест милијарди платежни картички – повеќето од нив се изработени од не-биоразградлива пластика како што е ПВЦ (поливинил хлорид). Заменети на секои 3-4 години, овие картички заедно придонесуваат околу 5,7 милиони тони вишок пластика на депониите низ целиот свет.

    Mastercard го промовираше партнерството за зелени плаќања во 2018 година за да и помогне на платежната индустрија да го намали потпирањето на употребата на ПВЦ пластика во производството на картички.

    Нашата цел е едноставна: сакаме да им помогнеме на банките да им понудат на потрошувачите повеќе еколошки картички и ние преземаме конкретни чекори за да ја постигнеме таа промена, вели Ајај Бахала, претседател на развој на Мастеркард. На овој начин, сите имаат корист. Подобро е за околината, подобро за деловно работење и воедно ги задоволува потребите на потрошувачите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично