Денес, 1 јули, повторно е Mastercard ден, што значи дека корисниците на регистрирани Mastercard картички издадени од банкитe во Македонија можат да добијат 10 проценти поврат на средства за плаќањата во угостителски објекти. Кампањата важи секој први во месецот и ќе трае до крајот на годинава.
Повратот изнесува 10 проценти од вредноста на секоја квалификувана трансакција, а максималниот износ што може да се добие во текот на еден месец е 1.500 денари. Средствата се уплаќаат директно на сметката поврзана со картичката, најчесто во рок од седум до десет работни дена.
Таа можност следува доколку плаќањата се направени во:
ресторани;
кафулиња и барови;
пекарници;
продавници за млечни производи;
ресторани за брза храна;
слаткарници и продавници за кондиторски производи;
кетеринг-услуги.
Понудата важи без разлика дали плаќањето е направено дома или во странство, доколку трговецот припаѓа на една од предвидените категории.
За да се искористи поволноста, потребна е еднократна регистрација на Mastercard картичката на платформата Priceless. По регистрацијата, не е потребно повторно пријавување секој месец.
Кампањата Mastercard ден има цел да ги поттикне безготовинските плаќања и користењето на платежните картички во секојдневните трансакции, нудејќи им дополнителна заштеда на корисниците при плаќањата за храна и пијалаци.
Аналитика








