ПОВЕЌЕ

    Маркит: Падот на економијата во еврозоната во јуни е значително поблаг

    Време зa читање: 2 минути

    Економијата на еврозоната повторно падна во јуни, иако значително поблаго од претходниот месец, благодарение на индикациите за закрепнување на побарувачката паралелно со ублажувањето на мерките за борба против пандемијата на коронавирусот, покажува извештајот на компанијата „Маркит”.

    Индексот на менаџери за набавки (ПМИ) во приватниот сектор во еврозоната во јуни се зголеми за 15,6 поени во однос на минатиот месец на 47,5 поени, што е највисоко ниво за четири месеци, пресмета компанијата за собирање и обработка на економски податоци со седиште во Лондон.

    Јунскиот скок е најголем откако Маркит почнал да објавува извештаи.

    – Првата проценка на ПМИ покажа дека падот на активноста значително забави и во јуни. Производството и побарувачката сè уште паѓаат, но падот не е повеќе стрмен, изјави главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон.

    Активностите сè уште се попречени со падот на новите нарачки, иако е многу поблаг отколку во претходните месеци, соопшти лондонската компанија.

    Побарувачката полека закрепнува благодарение на олеснување на мерките за борба против пандемијата, а потрошувачите и компаниите се уште се внимателни. Најтешки последици чувствува секторот за туризам и угостителство и други компании кои не произведуваат основни производи и не даваат основни услуги.

    Меѓу земјите опфатени со истражувањето, Франција во јуни има мало зголемување на активноста, за првпат од февруари, благодарение на скокот на индустриското производство.

    Во Германија и остатокот од еврозоната падот е многу поблаг отколку во мај.

    Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично