ПОВЕЌЕ

    Акциите на Макстил најтргувани – Но кој сврте 3,7 милиони евра во април на берза?

    Време зa читање: 2 минути

    Четврт месец по ред, најтргувани акции на официјалниот пазар се акциите на Комерцијална Банка АД Скопје со истргувани 17.842 акции  со просечна цена од 12.778,53 денари и остварен е промет од 227.994.478 денари или 3.696.897 евра. Акциите на македонскиот фармцевтски гигант Алкалоид АД Скопје се позиционираа на второто место каде количински се истргувани 3.829 акции по просечна цена од 18.115,41 денари и се свртеле 1.125.591 евра или 69.363.913 денари. Во април месец, на третото место се искачи Гранит Скопје кој ги запиша следниве бројки: истргувани 34.509 акции по просечна цена од 1.418,90 денари каде реализиран е промет од 48.964.970 денари или 794.800 евра.

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04 – 30.04.2022 година вкупниот промет изнесувал 964.266.757 денари и е зголемен за 36,74 отсто во однос на претходниот месец. 

    Класичното тргување изнесувало 581.998.067 денари и е зголемено во однос на март за 60,56 отсто кога изнесувало 362.473.605 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 506.224.852 денари и обврзници во вредност од 75.773.215 денари.

    Блок трансакциите во април изнесувале 382.268.690 денари и се зголемени за 23,09 отсто во однос на март.

    Бројот на трансакции во април изнесувал 1.853 и е зголемен за 26,40 отсто во однос на март кога изнесувал 1.466. Најмногу трансакции се направиле со акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит.

    Во топ 5 најтргувани акции во месец март се впишаа Реплек и Стопанска банка Скопје.

    Количински најтргувана акција беше акцијата на Макстил со 52.858 тргувани акции.

    Кај брокерските куќи, Еурохаус АД Скопје во месец април оствари вкупен промет од 636.686.712 ден, додека Комерцијална банка оствари промет од 321.632.865 ден, а веднаш заднеа е Шпаркасебанка АД Скопје вкупен промет од 235.944.715 ден.

    Месечниот статистички билтен за април 2022 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично