ПОВЕЌЕ

    Македонската економија е на грбот на 794 904 вработени лица

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени.  Стапката на активност во овој период е 56.4, стапката на вработеност 47.2, додека стапката на невработеност изнесува 16.4.

    Според бројот на вработени според полова припадност во 2020 година машката работна сила учествува со 59,3 проценти, додека женската со 40,7 проценти. Или работните места ги делат 471 564 мажи и 323 344 жени.

    Бројот на невработени мажи, во однос на жени во 2020 според податоците на Државниот завод за статистика бил поголем. Имено, вкупно 60,7 отсто е процентот на мажи кои во 2020 биле без работа, додека 30,3 биле жени.

    Најголем број невработени се од 25 до 40 години, додека секторите во кои се ангажирани најголоем број вработени се преработувачката индустрија во која работата 158 153 работници, трговија на големо и мало 116 970, како и земјоделство, шумарство и рибарство сектор кој вработува 95 545, покажуваат податоците на ДЗС.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично