ПОВЕЌЕ

    Македонска берза: Петар Трпески се повлече од Одборот на директори

    Време зa читање: < 1 минутa

    Петар Трпески поднесе оставка од функцијата неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза.

    За ова информираат од Берзата. Исто така, посочуваат дека по ова е направена и соодветна промена во тековната состојба, којашто се води во Централниот регистар.

    Инаку, Одбор на директори е составен од осум члена, седум неизвршни и еден извршен. Во актуелниот состав се претседателот Тони Стојановски од Стопанска банка, Михајло Брова Зиков од Комерцијална банка, Ивана Гажиќ од Загребска берза, Славчо Филипчев од „Грант Торнтон“, Горан Анастасовски од Клириншка куќа КИБС, Иван Мишев од адвокатското друштво Папазовски и Мишев, и главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев.

    Засега не е соопштено кој ќе биде член на местото на Трпески, кој од неодамна е раководител на Одделот за корпоративен менаџмент во НЛБ банка. Претходно, десеттина години работел во Шпаркасе банка, во Секторот за управување со корпоративни клиенти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично