ПОВЕЌЕ

    Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за ноември 2020

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.11 – 30.11.2020 година вкупниот промет изнесувал 313.231.357 денари и е намален за -26,69 отсто во однос на претходниот месец.

    Класичното тргување изнесувало 242.052.777денари и е намалено во однос на март за -27,71 отсто кога изнесувало 334.843.767 денари.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 240.955.388 денари и обврзници во вредност од 1.097.389 денари.

    Блок трансакциите за април изнесувале 71.178.580 денари и се намалени за -22,98 отсто во однос на октомври.

    Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.196 и е намален за –13,08 отсто во однос на октомври кога изнесувал 1.376.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за ноември се на Комерцијална банка Скопје, следи НЛБ Банка Скопје  и третото место го зазема Алкалоид Скопје.

    • Месечниот статистички билтен за ноември 2020 година можете да го погледнете тука.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично