Македонска берза ја ажурираше мобилната апликација на Системот за електронско известување од котирани акционерски друштва – СЕИНет во делот на опциите за добивање нотификации. На овој начин корисниците на апликацијата ќе бидат навремено известувани за секоја нова ценовно чувствителна информација што ќе ја објават котираните друштва.
ите заинтересирани корисници на iOS платформата т.е. сите што користат iPhone i iPad може да ја преземат мобилната апликација на СЕИНет преку Apple Store, додека за корисниците на Android, апликацијата е достапна преку Google Play.
Линк за симнување на апликација за Android
Линк за симнување на апликација за IPhone
Бидете во тек со објавите на котираните акционерски друштва – добивајте навремени известувања преку вашиот мобилен телефон!