ПОВЕЌЕ

    БЕРЗА 2021: Акциите на Алкалоид и Комерцијална банка најатрактивни, НЛБ се искачи на третата позиција

    Време зa читање: 3 минути

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот јануари – декември 2021 година вкупниот промет изнесувал 12.853.500.604 денари и е зголемен за 56,84 отсто во однос на јануари – декември 2020, кога тој изнесувал 8.195.475.839 денари.

    Класичното тргување изнесувало 6.736.800.362 денари и е зголемено во однос на јануари – декември 2020 за 12,52 отсто кога изнесувало 5.987.273.498 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 5.395.274.034 денари и обврзници во вредност од 1.341.526.328 денари.

    Блок трансакциите во 2021 година изнесувале 6.070.010.376 денари и забележуваат раст од 197,27 отсто во однос на 2020 година.

    Бројот на трансакции во 2021 изнесувал 20.647 и е намален за 9,00 отсто во однос на 2020 година кога бројот на трансакции изнесувал 22.689.

    Идентично како и во 2020 година, на врвот најтргувани акции на официјалниот пазар за 2021 година првите две места остануваат непроменети. Лидер е Комерцијална Банка АД Скопје со истргувани 218.745 акции со просечна цена од 9.175,48 денари и остварен е промет од 2.007.089.856 денари или 32.635.607 евра, а веднаш до него е македонскиот фармцевтски бисер Алкалоид АД Скопје каде количински се истргувани 51.115 акции по просечна цена од 15.799,55 денари и се свртеле 13.131.607 евра или 807.593.833 денари. Третото место кое минатата година го држеше нафташот Макперол, оваа година изротира со НЛБ Банка АД Скопје. Оваа банка искачувајќи се едно скалило погоре ги запиша следниве бројки:  истргувани 22.414 акции по просечна цена од 23.422,32 денари каде реализиран е промет од 524.987.960 денари или 8.536.389 евра.

    Според количината на истргувани акции во 2021 година, лидер е Македонски Телеком Скопје со 469.263 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 328,11 денари.

    Компаниите кои имаат најголем раст на акциите во 2021 година се Интерпромет Тетово, Тутунски комбинат Прилеп, Комерцијална банка Скопје, НЛБ Банка Скопје и Макстил Скопје.

    Сковин Скопје, Скопски пазар Скопје, Бетон Скопје, Тајмиште Кичево  и РЖ Економика Скопје, ја предводат петорката на компании чии акции забележаа најголем пад минатата година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично